З А П И С Н И К
Од одржаниот 4 – ти состанок на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување на кризи
На ден 25.03.2020 година
На состанокот на Штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во кој присуствуваат претставници на ОВР Кавадарци, Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи одржан на ден 25.03.2020 година по согледување на состојбата со КОВИД 19 ,моменталната ситуација на територијата на Општина Кавадарци е следна:
- На трите влеза на град Кавадарци дезинфекцијата на моторните возила при влез во градот продолжува да се врши автоматски;
- Мој општинар и службите од Општина Кавадарци, во текот на денешниот ден ке извршат дезинфекција на заедничките површини во колективните станбени згради (влезови, скаличен простор и лифтови) кои имаат повеке од 8 станбени единици а истата оваа дезинфекција во текот на утрешниот ден ке се изврши и во сите јавни институции на територијата на Општина Кавадарци;
- По однос на јавниот превоз превозниците од Општинскиот линиски превоз, да продолжат со вршење на редовните линии , со редуцирање на бројот на патници согласно препораките така што да има оддалеченост од најмалку 2 метри помеѓу патниците.
- ЈП Комуналец Кавадарци продолжува со редовно дезинфецирање на сообраќајниците во Општина Кавадарци;
- По однос на полицискиот час , во Општина Кавадарци воглавно се почитува со мали прекршувања;
- Во Општина Кавадарци нема нови лица позитивни на Ковид-19, и овие мерки кои што се досега превземени ке продолжат и во наредниот период од две недели .
Штаб за заштита и спасување на
Општина Кавадарци
М-р Митко Јанчев