Општина Кавадарци денеска започна со реализација на проектот за реконструкција на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“. Во наредните 3 месеци ангажираната оператива на „Градба промет“ и на ЈП „Комуналец“ ќе работат на обнова на фауната на паркот и изградба ба нови содржини.
Реконструкцијата на градскиот парк опфаќа отстранување на старите и оштетени дрва, како и сечење на диво изникнатите растенија. Ќе се изврши обнова на тревната површина на околу 5.000 метри квадратни. На нивно место ќе бидат засадени околу 1.200 нови садници на 40 видови дрва и грмушки.
Исто така со реконструкцијата ќе се постави систем за наводнување, како и дополнително јавно улично осветлување. Планирана е изградба на два видиковци, две нови патеки, како и други содржини.
Инвеститор на оваа прва голема обнова на паркот во последните 40 години е Општина Кавадарци.