ЗАПОЧНА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

ЗАПОЧНА ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ СТРАГОВО-КРЊЕВО

На делница  од 1.600 метри од локалниот пат Ладно долче-Страгово-Крњево, општината Кавадарци преку ангажираната оператива  ќе  врши проширување на постојниот пат во ширина од  5,5.метри. Ова е последната фаза од реконструкцијата на овој значаен и фрекфентен локален патен правец кој е најкратката врска помеѓу Кавадарци и селата од Бошавијата.

Согласно проектот се врши целосно отстранување на стариот и дотраен асфалт, проширување, порамнување и тампонирање со набивање на трасата. Одводнувањето е решено долж целата траса со трапезни земјани канавки, а на одредени места се предвидени  армирано бетонски цевасти пропусти. Во завршната фаза ќеследи поставувањена целосно нов асфалт.

  Инвеститор е општина Кавадарци со добиени финансиски средства за под-заем, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии на Република Mакедонија, поддржан од Светска Банка,  со цел за подобрување на квалитетот на животот на месното население. Работите ги изведува фирмата  „Градба Промет“од Кавадарци.

Со реконструкцијата на оваа делница се заокружува функционалноста на овој локален пат во должина од 8километри, од спојот со регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб на Витачево, до спојот со регионалниот пат Конопиште-Крњево-Барово-Демир Капија.