Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба работи на проект за проширување на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.
Според проектот ќе се проширува коловозната лента од сегашните 2,8 метри на 5 метри коловоз со тротоар. Проширувањето е во должина од 100 метри, а е на делницата од главната траса на „Страшо Пинџур“ во правец на спој со улицата „Ѓоре Брушански“.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.