ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА  УЛИЦАТА „СКОПСКА“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „СКОПСКА“

 

Засилува комуналната изградба. Општината Кавадарци започна со реализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри.

Според проектот треба да се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура и на коловозната лента. Се започна со отстранување на гранитната коцка, по што Јавното комунално претпријатие ќе изврши реконструкција на старата и дотраена канализациона  и водоводна мрежа. Ќе бидат поставени нова водоводна линија, како и фекална и атмосферска канализација.

По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе уследи асфалтирање на улицата.