Градските власти навреме и превентивно интервенираат да се одржуваат украсите на градот во зимскиот период.
Специјализираната фирма „Водена оаза“ од Скопје, денеска ги прекри со цирада фонтаните на плоштадот, за да ги спаси инсталацијата од расипување и поголеми штети, поради претстојните ниски температури и евентуалните мразеви.
Истата фирма летово изврши целосна репарација на базените од постојните фонтани. Во нив освен старите централни млазници, се поставиа кружни фонтани од инокс со повеќе млазници.
Кога се во функција, водата во фонтаните ја придвижуваат шест пумпи, по три во секоја фонтани, а нивнат сила од водата создава најразлични форми. Навечер фонтаните се осветлени во повеќе бои со подводни ЛЕД рефлектори поставени на кружните конструкции.
Општината со овој проект летово му даде дополнителна вредност на реконструираниот градски полштад.