Во врска со спроведување на Пописот на населението, лицата, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, КПР 17 Општина Кавадарци и Општина Росоман, ги известува лицата на територијата на Општина Кавадарци и Општина Росоман дека обезбеди работни простории каде што може да се попишуваат лицата што досега не се попишани од различни причини, и тоа:
- Општина Кавадарци, Плоштад Маршал Тито бр.2, Канцеларија на Реонска Пописина Комисија бр.17.
Реонски инструктор Симона Јосифовска, тел: 075/660-609;
Реонски инструктор Драгица Малинкова, тел: 077/438-863.
- Општина Росоман, ул. Пролетерска 1а, Росоман, Сала за состаноци.
Реонски попишувач Јасминка Лазова тел: 072/312-220;
Реонски попишувач Бранкица Несторовска тел: 072/717-756.
Попишувањето ќе трае од 8:00 до 20:00 часот.
Комисија за Пописен Реон бр.17
Претседател
Тодор Ефремов