Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Известување за продолжување на рок по Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

На ден 27.01.2022 беше одржана 6 – тата седница на советот на општина Кавадарци на која беше поставено советничко прашање за продолжување на рокот за поднесување на апликации по јавниот повик за прибирање предлог – проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2022 година.

                Истото беше одобрено од страна на градоначалникот на општина Кавадарци м-р Митко Јанчев и се донесе заклучок за продолжување на јавниот повик до 14.02.2022 година.         

Линк до Јавниот повик