На ден среда 29.03.2023 во просториите на општина Кавадарци беше одржан информативен состанок во врска со објавениот јавен повик за прибирање на предлог проекти од граѓанските организации од 24.03.2023 година.
На информативниот состанок беше поставено прашање од страна на граѓанските организации за продолжување на рокот за поднесување на апликации по јавниот повик за прибирање предлог – проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита и спасување на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР од буџетот на општина Кавадарци за 2023 година.
Истото беше одобрено од страна на градоначалникот на општина Кавадарци д-р Митко Јанчев и се донесе заклучок за продолжување на јавниот повик со рок на поднесување на предлог проекти заклучно со вторник 18.04.2023 година.
Линк до Јавен повик.