Оперативата на ангажираната фирма „Коп инжинеринг“ деновиве работи на поплочување на дел од улицата „Владимир Назор“. Општина Кавадарци го реализира овој проект на барање на жителите.
Проектот на општината опфаќа изградба на потпорен ѕид, поставување рабници за формирање на пристапен дел од улицата, како и изградба на решетка за зафаќање на на атмосферските води.
Со реализацијата на овој комунален проект жителите на овој дел од населбата „Голи оток“ добиа стабилизирано земјиште, нов урбанизиран пристап, а пред се заштита од евентуални поплави, кои во минатото им нанесувале сериозни оштетувања и проблеми.