Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.275/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното мест за кое е објавен интерниот оглас (̎Службен весник на РМ̎ бр.11/15, бр.35/18 и ̎Службен весник на РСМ̎бр.303/2020), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во Општина Кавадарци бр.04-6196/3 од 28.11.2019 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БРОЈ 03/2021
За унапредување на 3 административни службеници во општинската администрација на Општина Кавадарци
Општина Кавадарци објавува интерен оглас за унапредување на административни службеници 3 (три) извршители и тоа :
- УПР 01 01 Б03 000 Помошник Раководител на Сектор за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси……………1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 Б03 000 Помошник раководител на Сектор за правно-нормативни и општи работи, Сектор за правно – нормативни и општи работи …………..1 (еден) извршител;
- УПР 01 01 В01 000 Советник за култура и јавни настани, Одделение за култура и јавни настани, Сектор за јавни дејности и култура…………………..1 (еден) извршител.