ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ НА НОВИТЕ СЕМАФОРСКИ КОНСТРУКЦИИ

ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ НА НОВИТЕ СЕМАФОРСКИ КОНСТРУКЦИИ

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ работеше на зацврстување на конструкцијата  на новите лантерни на семафорите каде треба да се постават соодветни сообраќајни знаци.

Службите на општината задолежни за сообраќајот изготвиа информативни табли со кои ќе ги известуваат возачите за приортитетните правци, како и за поважните објекти, институции и локации во градот.

Со ова целосно ќе се заокружи проектот за реконструкција на седмафорите на раскрсниците кај, Домот на културата, старат автобуска и пред училиштето „Гоце Делчев“.

Loading