КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БАДЕВ

КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БАДЕВ

Под покровителство на градоначалникот м-р Митко Јанчев и советот на општината, Кавадарци денеска одбележува значаен јубилеј, 100 години од раѓањето на Никола Бадев.

Во склоп на одбележувањето во Музејот на Вкусот и традицијата (нов музеј) ќе биде отворена спомен соба на великанот на македонската народна песна.

Во спомен собата е изготвена поставка во која се наоѓаат: примот на кој Бадев настапувал, реставрираната гитара на која ги свирел најубавите македонски народни песни, потоа 48 фотографии од различни периоди на неговиот живот.

Во колекцијата која е донација од семејството на Никола Бадев се наоѓаат бележниците во кој ги запишувал народните песни, голем број на сингл и ЛП грамофонски плочи од неговиот богат дискографски опус, како и лични и семејни предмети.

Во чест на Бадев на спомен бистата на плоштадот ќе бидат положени букети свежо цвеќе, а од 19.00 часот во салата на домот на културата ќе се одржи концерт во чест на Никола Бадев на кој ќе настапат групи и пеачи од Кавадарци и Ваташа.