Изминатиот викенд Кавадарци го погоди невреме проследено со силен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.До повикувачкиот центар во Општината беа поднесени околу 50-тина пријави од граѓаните за поплавени подрумски простории, санирање на одводи и наноси од кал. Интензивно на терен беа екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” За половина час наврнале 40литри/м2. Невремето направи голема штета, па затоа акцијата на службите траеше деноноќно на повеќе локации низ градот додека не се интервенираше таму каде што е потребно. А овие два дена од утринските часови започна генералното чистење и средување на градот со гребење,чистење решетки и сливници, метење и перење каде активни беа три цистерни на ЈП Комуналец, една цистерна на ТППЕ Кавадарци, служби од Водовод,Зеленило и од Механизација мал скип и товарни возила. Градоначалникот Митко Јанчев деновиве ќе формира Комисија за процена на штети од елементарни непогоди.