Општина Кавадарци започна со реализација на уште еден комунален проект. Во периодот јули-ноември 2020 година на локации на улиците „Клинска“ и „Методија Џунов-Џико“ ќе се реконструира подземната комунална инфраструктур. Реконструкцијата опфаќа замена на дотраените водоводни цевки, како и на цевките од мешовитиот систем на атмосферски и фекални линии. Новите линии од атмосферската и фекална канализациа е предвидено да се изведат од коругирани цевки, додека водоводните линии ќе се изведат од полоетиленски ПЕ црева.
После извршените реконструкции на подземните водови се предвидува комплетно асфалтирање на коловозот на двете улици по кои има извршено прокоп. Претходно ќе се спроведе санација на ударни дупки, со отстранување на разрушен асфалт, а по потреба и замена на тампонски слој. На крајот ќе се изврши целосно покривање со нов слој од асфалт.
Инвеститор е Општина Кавадарци со добиени грант средства за успешно реализиран проект, финансирани преку проектната единица и МСИП проектот за подобрување на општинските услуги на Министерство за финансии на Република Северна Македонија, поддржан од Светска Банка. Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население. Работите ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица.