КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ

КОМУНАЛНА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ПОЗИЦИИ

Сувото време и поволните услови овозможуваат Општината и вон официјалната градежна сезона да работи на повеќе позиции од реализацијата на програмата за комунална изградба.

На првиот ден од последната работна недела во февруари инмтензивно се изведуваат работи на повеќе локации. Општината и Јавната установа Детска градинка  реализираат проекти за проширување на капацитетите на два објекти. Се доградуваат простории на објектот „Детелинка“ кај ООУ „Тошо Велков-Пепето“, а се доградува и на објектот „Снежана“ кај старат Ваташка градинка. Во напорите за зголемување на опфатот на децата од предшколска возраст, општината изврши адаптација на објектото на новото училиште во село Марена, кое сега ќе има функција на градинка за децата од ова село.

Продолжува изградбата на кејот во селото Ваташа, а во поодмината фаза е покривањето на делница од поројницата „Желков дол“ и изградбата на пристапни скали и шеталиштето во должина од 80 метри меѓу ул. „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“.

Општината спроведува и реализација на проект за изградба на „Зелен пазар“ во новиот центар на локацијата кај „Судската палата“ на булеварот „Никола Минчев“.

Меѓу поголемите комунални зафати е и реконструкцијата на атмосферската канализација на улицата „Тиквешко востани“ и на плоштадот. Се работи и на поставување на фекална и атмосферска канализација на улицата „8 Септември“ кај ВВ „Тиквеш“ и плацот на „Градба промет“.

Во активностите на комуналната изградба општината преку ЈП „Комуналец“ работи на реконструкција на водоводната мрежа на крак од улчицата „Глигор Прличев“ над стрелиштето, потоа на премостување и дислокација на водоводна линија преку коритото на реката „Луда Мара“ кај пешачкиот мост до паркчето во село Ваташа, како и на поставување на нова пумпна станица за санитарна вода за селото Бојанчиште.

Во фаза на реализација е и проектото за реконструкција на салата „Партизан“ каде се поставува нова ПВС столарија: врати и прозорци на делот од соблекувалните и службените простории на јужната страна оид објектот.

Станарите од зградата 1 кај Агенцијата за вработување и Општината во соработка со „Хабитат“ го реализираа проектот за реновирање со изработка на термо фасада, ПВЦ столарија како  и реконструкција на покривот.

Денеска започна и реализацијата на сообраќајниот проект за целосна реконструкција на инсталацијата и уредите на семафорите. Ќе бидат целосно обновени семафорите на раскрсниците кај Домот на култирата, „старата звтобуска“ и кај основното училиште „Гоце Делчев“.

Се работи и на уредување на жардинерите пред хотелот, во рамките на реконструкцијата на градскиот плоштад.