Денеска попладне градоначалникот на Општина Кавадарци М-р МИТКО ЈАНЧЕВ приреди прием за конзулите на Македонија во повеќе земји во Европа и светот .
Околу 30-сетина конзули кои ја претставуваат државата во странски земји беа запознаени со економските потенцијали и проектите кои и претстојат на Општина Кавадарци. Градоначалникот Јанчев ја искористи приликата да ги покани и со тоа да придинесе за интересот околу финасирање на проектите кои Општината ги има планирано за реализација наредниот период.
-„Целта на посеатата е, да ја преставиме Општината во добро светло а истовремено да привлечеме капитал кој ќе биде вложен за подобар натамошен развој“- изјави претседателот на Регионалната стопанска комора со седиште во Кавадарци Никола Наумов.
Потоа, високите гости , со домаќините од Општина Кавадарци и Министерството за надворешни работи, посетија три стопански објекти од економската сфера на градот: „Кожувчанка“, „Слога Пром“ и ВВ „Тиквеш“, при што беа информирани за нивнито работење.