Општината Кавадарци продолжува со реализација на сообраќајниот проект за подигање на испакнати асвалтни пречки за забавување на сообраќајот низ градските улици, популарно наречени „легнати полицајци“.
Нови асфалтни испакнатини денеска се поставиа на улицата „Страшо Пинџур“ 1 пречка, како и две помали пречки на улицата „Народни херои“ пред влезот во ваташката детска градинка. Истите ќе бидаат соодветно одбележани со вертикална и хоризонтална сообтаќајна сигнализација.
Од безбедносни причини општината вакви пречки постави близу образовните институции како и на правците каде се вози со брзина поголема од дозволената.