ЛИЗГАЛИШТЕТО „ЈАСМИН“ ОД ДЕНЕСКА ОТВОРЕНО ЗА РЕКРЕИРАЊЕ

ЛИЗГАЛИШТЕТО „ЈАСМИН“ ОД ДЕНЕСКА ОТВОРЕНО ЗА РЕКРЕИРАЊЕ

Денеска градоначалникот Митко Јанчев присуствуваше на почетокот на работењето на лизгалиштето „Јасмин“. Општината Кавадарци годинава по втор пат, заедно со општествено одговорните компании „Црна Река“ и „Кожувчанка“ обезбедија функционирање на лизгалиштетот од вештачки мраз кое е лоцирано на тениските терени кај спортската сала „Јасмин“.

Општината преку Сојузот на спортови на Кавадарци и ЈП „Јасмин“ за учениците и рекреативците од градот и околината обезбеди простор за лизгање на мраз.

Лизгалиштето ќе работи секој ден во времето од 9:00 до 23:00 часот. Според одлуката на Советот тоа ќе функционира двонаменски, во текот на денот бесплатно за учениците во рамките на програмата за физичко воспитување, а потоа и на комерцијална основа со плаќање на влезница.

Обезбедени се лизгалки кои може да се изнајмат, а лизгалиштето ќе работи додека температурата на воздухот и временските услови се поволни за негово непречено функционирање.

Програма од 13.01.2020 – 17.01.2020 година
Програма од 20.01.2020 – 15.03.2020 година