На состанокот помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, градоначалниците и пратениците од тиквешкиот регион и претставници на лозаропроизводителите на кој беа присутни: Министер за МЗШВ – Трајан Димковски, пратеник – Панчо Минов, пратеник – Даниела Колева, пратеник – Лолита Ристова, Градоначалник на Општина Кавадарци – Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Неготино – Тони Делков, Градоначалник на Општина Демир Капија – Лазар Петров и претставници на лозаропроизводителите.
Состанокот се одржа на ден 13.08.2020 во 15 часот.
На состанокот се донесоа следните заклучоци:
1. Во врска со откупот на овогодинешната реколта на грозје се предлага цените за сите сорти на грозје да останатисти како и минатата година, како и минималната шеќерност, независно од интервенцијата на државата према винариите лозарите.
2. Се предлага до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколтаи количини за откуп.
3. Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата.
4. Заради нарушување на домашниот пазар на вино намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата, винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата.
5. МЗШВ да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.