Министерката за образование Мила Царовска денеска беше во работна посета на општина Кавадарци. Во придружба на градоначалникот м-р.Митко Јанчев изврши увид во градежните работи на изградбата на спортска сала во општинското основно училиште „Страшо Пинџур“.
Спортската сала во училиштето ќе овозможи подобрување на наставата по физичко воспитување, а ќе се користи и за друг вид манифестации и настани.
Министеркста Царовскa и градоначалникот Јанчев оценија дека ова е капитален инфраструктурен објект, кој заеднички го градат општината и државата, а е во правец на заедничките определби за унапредување на условите во образованието.
Првачиња од училиштето на Царовска и Јанчев им подарија симболични благодарници со посвета изработени од учениците, како знак за благодарност што наставата по физичко образовзние во иднина ќе ја изведуваат во современи услови.