МЛАДИТЕ СЕ ПРИОРИТЕТ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА

МЛАДИТЕ СЕ ПРИОРИТЕТ ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА

Градоначалникот м-р Митко Јанчев оствари средба со ученици од втора и трета година од гимназијата „Добри Даскалов“ во правната насока. Средбата беше во рамките на наставата по методскат единица фукционирање на Општината како единица на Локалната самоуправа.

Во интерактивен пристап се дискутираше на повеќе теми пред се во доменот на образованието и рекреативно забавниот живот на младите. Градоначалникот Јанчев во воведот се осврна на основните функции на Општината, при што ги акцентираше приоритетите на Локалната самоуправа во стратешките цели: развивање на локал-патриотизмот заради задржување на младите образовани кадри во сопствениот град.

Јанчев истакна дека негова цел во мандатот, е преку проекти од инфраструктурата, образованието, спортот и рекреацијата да го развива Кавадарци во правец на модерна средина која ќе биде економски силна, просперитетна и интересна за малдите да посакаат да останат во родниот град и со својот ангажман да го развиваат.

Во правец на тоа ги посочи проектите од економијата со доведување на нови инвестиции, домашни и странски, кои ќе го продолжат трендот општината и натаму да биде со најниска стапка на невработеност. Посочи проекти во развојот на образованието со подобрување на просторните и програмските услови во училиштатат и нивно поврзување со стопанството за креирање образовани кадри според потребите на компаниите.

Учениците се интересираа за проекти кои би го подобриле нивното функциониирање како во училиштата таки и во слободното време, а ја загатнаа и темата екологија.

Јанчев ги запозна со проектите кои во 2019 ќе се реализираат токму во оваа насока во гимназијата, интернатот, и другите училишта. Ја спомена изградбата на рекреативната патека Ваташа-Воденица Моклиште, Затворен базен и спа-центар во паркот на лкокацијата поранешна „Ла Луна“, како и проширување на содржините на олимпискиот базен.

Овие проекти како и неодамна отвореното лизгалиште, преку јавно приватно партнерство ќе овозможат бесплатни образовни содржни во склоп на наставата, како и рекретаивен комерцијален пристап во сдлободното врема

За градоначалникот Кавадарци е убаво место за живеење како според географската локација, така и според економскиот и човечкиот потенцијал. Тие предности треба да се искористат, со цел градот да прерасне во универзитетски центар. Екологијата ќе се решава постепени и систематски на научна основа, а Општината ќе делува во правец на подигање на свеста кај граѓаните за поголема култура на однесувањето.

За младите се развиваат проекти и во правец на збратимување на Кавадарци со градови од развиените западно европски земји компаративни на нашата традиција и стопанство, со цел младите преку размена на учат од најдобрите. Во тој правец ја посочи соработката со Франција и нејзината амбасада, како прв чекор во овој нов пристап на идни збратимувања.

На средбата Јанчев поврди дека наредното вакво случување ќе биде во нивните училници, каде тој на самото место ќе се запознае со функционирањето на наставниот процес.