Деновиве преку ангажираната оператива општината Кавадарци го привршува проектот за изградба на „Скејт парк“.
Денеска се монтираа реквизитите. Скејт паркот ќа има 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа Кутија за стругање (Grindbox 1), како и Кутија за стругање (Grindbox 2).
Од реквизитите ќе има и Четвртина цевка (Quarter Pipe), Права шина профил (Straight rail profile).
Платото за рекреација и забава на младите „скејтери“ од Кавадарци зафаќа површина од 770 квадратни метри, а се наоѓа веднаш до јужниот влез во спортскиот центар од стрна на улицата „Вишешница“.
Поставено е и еколошко штедливо ЛЕД осветлување на 4 високи столбови со 2 рефлектори кои се напојуваат преку подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување. Општината на скејт паркот постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.