Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со Законот за локални избори, за период од 4 (четири) години.
Градоначалникот во рамките на своите надлежности:
1. Ја претставува и застапува Општината;
2. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на Советот на
Општината;
3. Ја контролира законитоста на прописите на Советот;
4. Ги објавува прописите на Советот во службеното гласило на Општината;
5. Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;
6. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на
општината;
7. Го предлага Годишниот Буџет и Годишната сметка на Буџетот на Општината;
8. Го извршува Буџетот на Општината;
9. Избира директори, врз основа на јавен конкурс, на Јавните претпријатија,
Јавните Установи и други јавни служби кои ги основала Општината;
10. Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во
согласност со Статутот;
11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички
лица, во согласност со закон;
12. Донесува Правилник за систематизација на работните места на општинската
администрација;
13. Раководи со општинската администрација;
14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на
вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определно со закон;
15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување, и заштита на
сопственоста на Општината, во согласност со Закон и Статутот
16. Издава Одобрение за вршење угостителска дејност надвор од деловниот
објект;
17. Донесува акт за категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност
од помал обем;
18. Донесува решение за вршење на трговска дејност од мал обем;
19. Донесува решение за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола;
20. Врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.