На барање на граѓаните кои живеат на спојот од улиците „Бигла“ и „Диме Поцев“ Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ изврши целосно асфалтирање на тој потег.
На оваа локација претходно комуналното претпријатие интервенираше на канализационата линија. Но наместо санирање само на ровот, општината ги слушна барањата на жителите и реализираше целосно асфалтирање на тој потег од улиците.
Со асфалтирањето на граѓаните им се овозможи безбедна комуникација, а престојанва зима повеќе нема да газат во кал.