Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ деновиве започнаа со изградба на нов подземен контејнер на локациа во строгиот центар на улиците „Илинденска“ кај сендвичарата „Мерлин“. Таму екипа на ангажираната фирма изведувач „Метал Апостолов“ од Кавадарци работи на копање на земја.
Истата компанија паралелно изведува и градежни работи на контејнерот кај „Тиквешко поле“, каде е бетонирана контрејнерската јама.
Општината вакви подземни контејнери ќе постави и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василе“, потоа кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“.
Платформите ќе бидат со различна големина, а на нив ќе се постават, дват, три или четири контејнери. Овој систем на прибирање на смет нуди повеќе предности.