Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Коп Инжинеринг“ од Батинци го реализира комуналниот проект за изградба на атмосферска канализација во селото Дреново.
Со пари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградбе се реализира проектот за поставување нова линија во должина од 130 метри, на потегот од центарот на селото, до кружниот тек на влезот во Дреново.
На оваа локација се поставуваат нови цевки со профил фи 400, вкопани во земја, како и две пешетки за зафаќање на атмосфреските води.
Општината на оваа локација ќе изврши проширување на улицата, како и оставување на нов асфалт.