Општина Кавадарци е во фаза на реализација на уште еден инфраструктурен проект од комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Цвет компани“ од Скопје поставува канализациона линија на дел од улицата „8 Септември“.
Се работи за нова линија со паралелни цевководи за фекална и атмосферска канализација. Новата линија се поставува на потегот од влезот во ВВ „Тиквеш“ до влезот во стопанскиот двор на „Градба промет“. Вкупната должина на оваа делнице е 200 метри.
Според проектот се поставуват пластични цевки со профил фи. 500 милиметри за фекалната и фи. 400 милиметри за атмосферската канализација.
На овој дел ќе се постави и нова водоводна линија. Оваа нова подземна инфраструктура ќе биде во функција на жителите од населбата Урбан блок „Бел Камен“.