Општината Кавадарци деновиве привршува со реализација на комуналниот проект за изградба на целосно нова пристапна патека до „Спомен костурницата“ во градскиот парк.
Проектот содржи пробивање и формирање на нова патека од павер елементи во вкупна должина од 300 метри која во еден дел се спојува со стара патека од која беа отстранети руинираните гранитни коцки. Новата патека започнува од источниот влез на Винскиот музеј, се движи над објектот по јужната страна, за на крајот да се оддели од старат патека и се упати кон костурницата како нов пристап од север.
Вчера на оваа локација ангажираната специјализирана електро екипа работеше на приклучување на последанта од осумте нови ниски канделабри кои се дел од системот на јавното улично осветлување.
Новите високо ефикасни ЛЕД светилки со јачина од 20W се поставени на метални столбови со висина од 3,5 метри.