НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША ПРЕДАДЕН  ВО УПОТРЕБА

НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов, денесак го предадоа во употреба новиот мост на реката Луда Мара во Ваташа.

Жителите на селото добија нов мост на ректа со што се обезбедува поголема безбедност во сообраќајот. Мостот ги поврзува, Кавадарци и Ваташа со селата од под кожувјето. Општината со свои средства работеше на инфраструктурно уредување на мостот.

Во обраќањето градоначалникот Јанчев рече: „Ова е долго очекуван и посакуван проект за општина Кавадарци и селото Ваташа. Стариот мост беше во катастрофална состојба и поставен во лоша позиција. Според анализите, годишно над 10 до 15 сообраќајки некогаш и со посериозни последици по учесниците во сообраќајот. На барање на општината успеавме да изготвиме заедничко решение со владата и Агенцијата за патишта. На овој дел се движат тешки возила од македонски шуми и стопанските субјекти кои гравитираат кон Кожув“.

Јанчев нагласи дека инвестицијата е на вистинското место и овој мост ќе биде од големо значење и по отворањето на граничниот премин Пуљевац кон Грција.

Државата, преку Агенцијата за патишта инвестираше 500 илјади евра за изградба на мостот. Директорот на Агенцијата за патишта Китанов нагласи

„Кога прашав минатиот пат, жителите на Ваташа ми рекоа дека не знаат колку коли имаат извадено од реката, поради небезбедниот мост. Еве го новиот мост завршен, направен по сите правила и прописи. Благодарност до општината и градоначалникот што инфраструктурно не следеа за сликата да биде уште подобра, а граѓаните позадоволни.“ рече Китанов и нагласи дека во Тиквешијата е завршена реконструкцијата на два моста на реката Вардар и се пуштени во функција.