Општина Кавадарци и Јавното претпријатие „Комуналец“ денеска промовираа нови возила во возниот парк. Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев, раководството на „Комуналец“ и раководители од општинската администрација на јавноста и беа претставени две нови возила. Се работи за камиони од брендовите „Ивеко“ „камион кипер за носење на разен материјал и други градежни зафати на ЈП Комуналец и за нова цистерна за перење на улиците- автоматизирана со бренер „Форд“.
Градоначалникот Јанчев денеска промовираше мобилна станица за производство на асфалт. Во било кој период од годината ке се произведува асфалтен материјал за санирање на ударни дупки и други оштетувања на патиштата. Сега и старата асфалтна подлога ќе може да се рецилира и со додавање на потребните материјали поворно да се става во функција.
Во изјавата градоначалникот истакна „За прв пат ваква мобилната база за правење на асфалт се промовира токму во Кавадарци. Таа е прва во Македнија. За еден месец машината ќе биде ставана во функција, а нам како општина преку Јјавното претпријатие ќе ни овозможи 12 месеци во секакви услови, непрекинато правење на потребните количини на асфалтна маса за крпење на ударните дупки и помали интервенции на теренот. Стариот асфалат ќе може повторно да се употребува и да се рециклира и да се прави и нов асфалт. Машината е во вредност од околу 1 милион денари. Со нејзиното ставање во функција ќе се работи далеку попродуктивно и многу поекономично“ вели градоначалникот Митко Јанчев.