Оперативата на ангажиртаната фирма „Стоун форм“ од Гевгелија ги изведува градежните работи за изградба на нови потпорни ѕидови на неколку улици во Кавадарци.
На барање на жителите од улиците „Његош“, „Коле неделковски“ и ул. „Смаилица“, Општината во рамките на програмата за комунална изградба релизира три потпорни ѕидови.
Со реализацијата на овој проект на наведените улици се изврши: оформување и пробивање на улиците.
Овој проект има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти.