Нови фотонапонски панели и на последните општински објекти С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’

Нови фотонапонски панели и на последните општински објекти С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’

Денеска се поставија фотонапонски панели и на последните два од вкупно десет општински објекти односно во С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров’’ и О.О.У ,,Тошо Велков Пепето’’ Кавадарци.

Да потсетиме дека Општина Кавадарци е меѓу првите општини која започна со реализација на овој проект ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’.

Општата цел на овој проект е искористувањето на сончевата енергија и намалување на емисијата на штетни гасови и загадувањето на животната средина.

Во Кавадарци за првпат ќе се реализира ваков иновативен проект со кој ќе се придонесе за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија.