Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за реконструкција на главните улици во градот.
Денеска се поставуваше порамнителниот слој на асвалт на улицата „Пано Мударов“. Според утврдената динамика, утре треба да се постави финиот слој асвалт со што оваа значајна сообраќајница од регионален карактер ќе добие сосема нова асвалтна површина.
Ова е втора улица која се реконструира во рамките на проектот МСИП. Претходно општината ја реконструираше улицата „Цано Поп-Ристов“, како и раскрсницата на улицата „Илинденска“ кај старат автобуска
Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Финсниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.