НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ПОЛОШКА“

НОВ АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „ПОЛОШКА“

Општината Кавадарци предаде во употреба на граѓаните уште една реконструирана улица. Денеовиве ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци асфалтираше дел од улицата „Полошка“.
Во оваа фаза целосно се реконструраа 600 метри квадратни коловозна површина. Поставен е асфалт, откако претходно се отстраниа стариот асфалт, рабниците и дотраените бетонските тротоари.
Во периодот што следи треба со поплочување да се обноват и 320 квадратни метри тротоари.
Овој проект е дел од кампањата (мај-октомври) за реконструкција на улици и објекти во урбаните и месните заедници во Општина Кавадарци.
Проектот се реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, на барање на граѓаните од тој дел на Кавадарци.