НОВ ПАРКИНГ КАЈ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

НОВ ПАРКИНГ КАЈ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

Денеска градоначалникот Митко Јанчев, во придружба на директорот на ЈП „Комуналец“ Ѓорѓи Поп-Ицов, раководирелот на РЕ „Гробишта“ Развигор Камбранов и советникот Јосиф Стојанов изврши промоција на новиот паркинг лоциран на второто ниво крај градските гробишта.

„Со изградбата на овој паркинг ќе биде разрешен проблемот со паркирањето на возила, кое беше едно од најнепријатните работи кога живите одеа да ги посетат вечните почивалишта на блиските“ истакна градоначалникот Јанчев.

Во обраќањето кон јавноста тој додаде: „Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ во овој проект вложија речиси 3,5 милиони денари за комплетно решавање во една од најважните работи кога говорме за градските гробишта. Извршена е експропријација, уредување на земјиштето, поплочивање, а во тек е доуредување на целиот простор со што одеднаш ќе можат да се паркираат над 100-тина возила. За време на големи верски празници и обичаи и во време на верски обреди сега нема да има нервози и проблеми поврзани со паркирањето и престојот овде“.

Јавното претпријатие „Комуналец“ купи нов плац со што проблемот со погребен простор е решен за подолго време. Потоа како дел од активностите изврши комплетно оградување на Градските гробишта со што се оневозможи влегување на стока и други несакани посетители. Секојдневно се прават пристапни патеки до гробните места, просторот се доуредува, ќе се гради санитарен јазол, чешми, се вложуваат пари во разни комунални објекти потребни за граѓаните со што овој објект, собено во новиот дел, ќе ги содржи сите потребни работи за престој и оддавање почит на покојните.