Општина Кавадарци во рамките на комуналната изградба по пат на донација од општествено одговорни фирми: „Кожувчанка“, „Градба промет“, „ЈА-МИ“ и „АС Машини“, изгради нов паркинг простор покрај булеварот „Никола Минчев“.
Со поставувањето на хоризонталната и вертикална патна сигнализација се заокружи изградбата на паркингот кој се протега на површина од 950 метри квадратни. Претходно на локацијата беа поставени бехатон коцки, се изврши расчистување, ископ на земја, порамнување и тампонирање како подготовка за поплочувањето.
Со изградбата на овој паркинг општината го зголеми бројот за дополнители 60 нови паркинг местата во градот. Паркингот кој се наоѓа во зелената зона ќе биде во функција на граѓаните од тој дел на Кавадарци, како и за потребите на новиот зелен пазар кој се наоѓа во непосредна близина.
Со овој проект општинта урбанизираше простор кој со години беше запуштен. Од таа површина се отстранија непрописно поставените лимени гаражи, се расчисти шутот и се исчисти од обраснати грмушки и трева.