НОВ ПОДЗЕМЕН КОНТЕЈНЕР ЗА СМЕТ

Позитивното искуство од функционирањето на првиот подземен контејнер резултираше со одлука за нови платформи за подземни контејнери.

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ денеска започнаа со реализација на проектот за пет нови подземни контејнери на локации во строгиот центар на улиците „Илинденска“ и „Мито Хаџи-Василев“ .

Првиот ќе се гради пред зградата на водостопанство „Тиквешко поле“, каде започнаа градежните работи.

Во оваа фаза подземни контејнери ќе има и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василе“, потоа кај  сендвичарата „Мерлин“, кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“.

Платформите ќе бидат со различна големина а на нив ќе се постават, дват, три или четири контејнери. Изведувач на работите е фирмата „метал Апостолов“ од Кавадарци.

Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата.