Објектот на Подрачното основно училиште „Димката Ангелов-Габерот“ во селото Сопот доби нов покрив. Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци инвестираше 1.135.000 денари за обнова на кровната конструкција. Покрај замената на старат ќерамида, обнова на сачокои и олуците, се постави камена волна на таванот за топлотна и звучна изолација. Изведувач на работите беше фирмата „Евроградба инженеринг“ ДООЕЛ с.Владиевци Василево.
Со реализацијата на овој проект општината во многу ги подобри условите за работа, учење и престој на учениците во ова училиште.