НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Деновиве градежната оператива на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работи на пробивање на тротоар на улицата „Западен булевар“ наспроти Градските гробишта.

Според проектот на општината Кавадарци вчера и денеска се оформува површината на идниот тротоар и се поставуваат рабници. Тротоарот се наоѓа на десната страна од коловозот на потегот од новопробиенета траса до спојот со улицата „Вишешница“ во правец на спортската сала „Јасмин“.

Наредните денови ќе уследи тампонирање и поплочување со бехаток коцки.

Во оваа фаза паралелно се работи и на ровот за подземната нисконапонска мрежа од Јавното улчично осветлување. На оваа делница ќе се постават седум метални столбови со осум ЛЕД светилки.

Општината со овој проект уредува значајна сообраќајница со која се намалува сообраќајната оптовареност на „Ресавска“ и околните улици. Воедно ја подобрува и безбедноста во сообраќајот на западниот влез во градот од правец на Прилеп.