НОРВЕШКА СО ГРАНТ ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ШУМАРСКОТО УЧИЛИШТЕ

НОРВЕШКА СО ГРАНТ ЌЕ ПОМОГНЕ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ШУМАРСКОТО УЧИЛИШТЕ

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев денеска го потпиша договор за грант средства за проектот „Подобрување на инфраструктурата и енергетската ефикасност во СО ЗШУ „Ѓорче Петров”.

Парите се обезбедени од проектот „Норвешка поддршка за развој на Северна Македонија-ЦФП 03-2019“, преку Канцеларијата на Обедните нации во нашата земја. Вкупната вредност на Проектот е 4.950 000 денари (90.000 USD), каде преку ко-финансирање учеството на општината е во износ од 300.000 денари.

Проектот опфаќа подобрување на инфраструктурата и енергетската ефикасност во СО ЗШУ „Ѓорче Петров“ преку промена на кровната конструкција, поставување на енергетска термо фасада и други мерки за подобрување на енергетската ефикасност.

Општината грантот го обезбеди преку Секторот за Локален економски развој, кој изготви содржаен проект согласно високите критериуми по јавниот повик на канцеларијата на Oбединети Нации за проектни услуги (УНОПС)-проект: „Норвешка поддршка за развој на Северна Македонија-ЦФП 03-2019“.

Овој проект во многу ќе придонесе за подигање на стандардите на образование во регионалното училиште, како и за враќање на рејтингот за квалитетот на образованието, во привлекување на идните средношколци.

Loading