„НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ“

„НУЛА ГЛАД ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ“

Општина Кавадарци се вклучи во проектот Банка на храна. Проектот „Нула  глад  во  Општина  Кавадарци“,  има за цел да обезбеди  помош и поддршка за социјално загрозените и сиромашни граѓани. Акцијата се спроведува благодарение на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, локалната самоуправа и компаниите кои се вклучија во оваа хумана мисија. Кавадарци е меѓу ретките градови во регионот и Европа кој ќе го решава овој проблем.

Градоначалникот вели дека општината обезбеди простор за чување на храната и возило за нејзина дистрибуција до социјално ранливите семејства. Стотина социјално загрозени  семејства од Кавадарци ќе добиваат достоинствен оброк. Општина Кавадарци очекувa дека бројот на корисници ќе соодветствува со реалната бројка на вистински социјално загрозени семејства .

„Тој нагласува дека идејата е Кавадарци да биде општина каде ќе нема гладни и ги повикува и останатите од бизнис секторот да се вклучат со свои донации во банката за храна,  а истото можат да го направат и граѓаните кои сакаат да помогнат на сиромашните“.

Бизнис секторот, локалната самоуправа и еколошкото друштво „Еко живот“ во соработка со Банката за храна на Македонија ќе обезбедуваат храна за луѓето кои поради сиромаштија неможат да си обезбедат оброк.

Роберто Паризов од „Еко живот“ вели: „Би било добро да направиме напори банката да доставува неколку пати во месецот храна и хигиенски производи“. Додава дека се отворени за соработка и секој што сака да ја покаже својата хуманост може да достави прехранбени пакети.

Душко Христов од Банката за храна истакнува дека  Кавадарци е меѓу ретките градови во регионот и Европа кој ќе го решава овој проблем.