ОБЈАВА број  02/2023  за давање во закуп на недвижна ствар по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА број  02/2023 за давање во закуп на недвижна ствар по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 275/19 и 122/21), Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.890 КО Бојанчиште во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-4475/11 од 14.07.2023 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.36/23), Извештај за процена на недвижен имот бр.01-75 од 16.06.2023 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорѓи Џуровски ТП Ресен и наш деловоден бр.19-250/20 од 28.06.2023 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  02/2023

за давање во закуп на недвижна ствар по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

                Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижна ствар–објект сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.890 КО Бојанчиште во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-4475/11 од 14.07.2023 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл. Гласник на Општина Кавадарци“ бр.36/23).