Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/19), Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.3422 КО Ваташа во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7166/38 од 26.12.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.30/18), Извештај за процена на недвижен имот бр.01-99 од 18.12.2018 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен и наш деловоден број 18-7228/1 од 21.12.2018 година, Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2384/22 од 13.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.36/19), Извештај за процена бр.0302-24/1 од 13.05.2019 година изработен од Друштво за вештачење, супервештачење и изработка на процени ДППСУ “ЗИМАБО” Зоран ДООЕЛ Битола и наш деловоден бр.10-2543/1 од 13.05.2019 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 03/2019
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.3422 КО Ваташа во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7166/38 од 26.12.2018 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.30/18) и Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2384/22 од 13.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.36/19).
2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП
Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.3422 КО Ваташа запишани во Имотен лист бр.3620 и кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:
Ред. бр. | Улица и број | Објект | Намена на објектот | Површина | Проценета вредност на недвижната ствар | Почетен износ на месечна закупнина | Минимален чекор на наддавање | Банкарска гаранција
2% |
Час /почеток | Објава | Период
на закуп |
1. | м.в.„Катуниште“ | Зграда 1, Влез 1, Приземје Кат 1, Стан 1 и 2 | Станбен и помошен простор (Вила) | 346 м2 | 5.200.704,00 денари | 26.004,00 денари | Без ограничување | 104.014,00 денари | 14.00 часот | Прв пат | 10 години |
2. | ул.„Вишешница“ | Зграда 1, Влез 1, Приземје | Деловна зграда | 73 м2 | 14.032.209,00 денари | 70.161,00 денари | Без ограничување | 280.644,00 денари | 14.30 часот | Втор пат | 3 месеци |
Зграда 2,
Влез 1, Приземје |
Други спортски рекреативни објекти |
96 м2
|
|||||||||
Зграда 3,
Влез 1, Приземје |
Други спортски рекреативни објекти | 4 м2
|
|||||||||
Зграда 4,
Влез 1, Приземје
|
Други спортски рекреативни објекти |
116 м2
|
|||||||||
Објект 5, Влез 1, Приземје
|
Базен за пливање | 3541 м3 | |||||||||
Објект 6, Влез 1, Приземје
|
Базен за пливање | 158 м3 |
За земјиштето со кп.бр.3422 КО Ваташа на кое се наоѓа недвижната ствар – објект (Вила) која е предмет на давање во закуп (под реден број 1) нема Урбанистичко планска документација.
За земјиштето со кп.бр.13709 КО Кавадарци 2 на кое се наоѓаат недвижните ствари кои се предмет на давање во закуп (под реден број 2) донесен е Урбанистички план ДУП „Јасмин“ ГП 3.4.
Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижните ствари и истата е наведена во табеларниот преглед.
Недвижната ствар од табеларниот приказ ред. бр.1, се дава во закуп за период од 10 (десет) години.
Недвижните ствари од табеларниот приказ ред. бр.2, се даваат во закуп за период од 3 (три) месеци.
Проценетата вредност на недвижната ствар – објект (Вила) под реден број 1 е утврдена согласно Извештај за процена на недвижен имот бр.01-99 од 18.12.2018 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен, со наш деловоден број 18-7228/1 од 21.12.2018 година а за објектите под реден број 2 е утврдена согласно Извештај за процена бр.0302-24/1 од 13.05.2019 година изработен од Друштво за вештачење, супервештачење и изработка на процени ДППСУ “ЗИМАБО” Зоран ДООЕЛ Битола.