Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/19), Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2700 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2790/19 од 30.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.37/19), Извештај за процена на недвижен имот бр.01-40 од 17.05.2019 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен и наш деловоден број 13-504/36 од 27.05.2019 година, Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, објавува:
ОБЈАВА број 04/2019
за давање во закуп на недвижни ствари по пат на
ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е давање во закуп на недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се даваат во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижни ствари на кп.бр.2700 КО Марена во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-2790/19 од 30.05.2019 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“бр.37/19).
2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ДАВААТ ВО ЗАКУП
Предмет на закуп се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.2700 КО Марена запишани во Имотен лист бр.1858 и тоа:
Ред. бр. | Улица и број | Објект | Намена на објектот | Површина | Проценета вредност на недвижната ствар | Почетен износ на месечна закупнина | Минимален чекор на наддавање | Банкарска гаранција
2% |
Час /почеток | Објава | Период
на закуп |
1. | м.в.„с.Марена“ | Зграда 1,
Влез 2 и 3, Приземје |
В2-10 (деловни и помошни простории) | 36 м2 | 757.458,00 денари | 3.787,00 денари | Без ограничување | 15.149,00 денари | 14.00 часот | Прв пат | 5 години |
За земјиштето со кп.бр.2700 КО Марена на која се наоѓаат недвижните ствари кои се предмет на давање во закуп донесен е Урбанистички план за село Марена.
Висината на почетната месечна закупнина изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижните ствари и истата е наведена во табеларниот преглед.
Недвижната ствар од табеларниот приказ се дава во закуп за период од 5 (пет) години.
Проценетата вредност на недвижните ствари од табеларниот преглед е утврдена согласно Извештај за процена на недвижен имот бр.01-40 од 17.05.2019 година изработен од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорги Џуровски ТП Ресен и наш деловоден број 13-504/36 од 27.05.2019 година.
- ДАТУМ НА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на ден 28.06.2019 година (Петок) со почеток од 14:00 часот.
Електронското јавно наддавање ќе се одржи на следната интернет страница www. e-stvari.mk
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на електронското јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за закуп со поднесување на Пријава за учество.