ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
ОБЈАВА број 2/2023
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
- Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со ДУП за локалитет „Парк“ 2001-2006, донесен со Одлука на Совет на Општина Кавадарци број 07-921/3 од 18.07.2001 година, за изградба на објекти со намена на градба –А1 индивидуално домување со согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење,
почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат:
1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.
2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои
не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на
територијата на Република Северна Македонија.