за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на фотоволтаична електрана Гарниково 1.1 со поставување на фотонапонски панели на дел од КП 441, КО Гарниково, Општина Кавадарци со тех. Бр. 0801-130/21 од декември 2021, одобрен од градоначалник на општина Кавадарци со Потврда за одобрување бр.11-250/6 од 15.03.2022 година, за изградба на објекти со намена на градба – Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со Е 1.8 – инфраструктура за пренос на електрична енергија, согласно Табеларен преглед 1, во кој се дадени податоци за градежните парцели, број на катастарски парцели опфатени со градежнaтa парцелa, намена на градба, максимална висина до венец, катност, процент на изграденост, коефициент на искористеност, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.