Објава за прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Објава за прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став1 точка 5 од Законот за Локална Самоуправа , член 39 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци”бр.13/06, 24/2010), а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04,127/06,114/09, 83/10,140/10,17/11,53/11, 6/12, 23/13, 120/131 63/13,187/13,42/14,112/14,166/14,44/15,97/15,124/15,129/15,193/15, 37/16 ,71/16, 64/18,140/18, 275/19),

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува ОБЈАВА

За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Линија бр.3 КавадарциШивецВозарциДреново
Линија бр.6 КавадарциСтраговоКрњевоЧемерскоБохула
Линија бр.7 КавадарциСтраговоКрњевоГ.Бошава,Долна Бошава,КонопиштеБојанчишка станица

 Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да е впишан во Централниот регистар на Република Северна Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
  2. Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;

НАПОМЕНА: Доколку за определена линија не се јави ниту еден превозник кој  е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз, во тој случај согласно член 22 став 1 алинеа 7 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04, 127/06,114/09, 83/10,140/10,17/11,53/11,6/12, 23/13, 120/131 63/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15,97/15,124/15,129/15 193/1537/16, 71/16,64/18,140/18, 275/19),   за одредена линија можат да конкурираат и превозници кои имаат во сопственост две или повеќе регистрирани комби возила со најмалку девет седишта (8+1).

  1. Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило (автобуси, товарни возила), што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата, што се докажува со приложување доказ за платени придонеси за период од најмалку шест месеци пред поднесување на барањето за лиценца, список на вработени по обврзник не постар од 60 дена и копија од образец М1/М2 за секој возач одделно;
  2. Во возилото во кое се врши превозот да има вградено фискален апарат;
  3. Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има Сертификат за професионална компетентност;
  4. Да има солидна финансиска состојба што се докажува со потврда од надлежен орган за намирени јавни давачки спрема државата и платени придонеси за осигурување за последите 6 месеци, која не смее да биде постара од 1 месец;
  5. Да има добар углед што се докажува со Потврда од надлежен Суд не постара од 6 месеци, дека не е во сила:
  • правосилна судска пресуда за сторено кривично дело против имотот, стопанството и од областа на безбедноста во јавниот сообраќај;
  • правосилна судска пресуда за други казниви дела со затворска казна подолга од 1 година.
  1. Копија од Лиценца за вршење на општински линиски превоз напатници;
  2. Фотокопии од сообраќајните дозволи за секое возило одделно регистрирани на име на фирмата (заверени на нотар) или Договор за лизинг со сообраќајните дозволи за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер (заверени кај нотар), што ги исполнуваат посебните техничко експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;
  3. Потврда за исполнување на техничко – експлоатационите услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;

            Понудата за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци треба да содржи:

  • Полн назив, седиште, даночен број  и адреса на превозникот;
  • Бројот на линијата т.е. линиите за која се однесува понудата;
  • Висина на чинење на возниот билет за бараната линија во еден правец;

 

Критериуми за избор на превозникот и издавање на дозвола се:

– поголем број сопствени регистрирани возила;

– соодветна опрема во просторот за одржување и  поправка на автобусите;

– најниска просечна старост на возилата;

– поголем број на вработени;

– соодветен стручен кадар за квалитетот, одржување и поправки на возилата, како и за квалитетно вршење на превозот;

– најдолго време врши јавен превоз на патници и

-најниска понудена цена на чинење на возниот билет за бараната линија во еден правец.

 

Секој критериум носи по 10 (десет) бода. 

Заинтересираните превозници поднесуваат Понуда, согласно условите во објавата во затворен плик со назнака на пликот во горниот лев агол „Не отварај” по ОБЈАВА за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци.

Понудите да се достават најдоцна до почетокот на јавното отварање на адреса Општина Кавадарци-Локална самоуправа  Плоштад „Маршал Тито” бб или во архива на Општина Кавадарци,  соба бр.20.

Јавното отварање на понудите ќе се одржи на ден 10.02.2021 година (среда), со почеток во 13:00 часот, во просториите на Општина Кавадарци, Голема сала.

Понудите кои не се поднесени во предвидениот рок и кои не ги содржат комплетно бараните податоци (докази) од Објавата, нема да бидат разгледувани.

 

За подетални информации може да се обратите секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот во Општина Кавадарци

– соба бр.21 на тел. 078/482-360 (лице за контакт Соња Станоева).

 (лице за контакт Рамов Драган)- тел.  072/307-241