ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТРАШО ПИНЏУР 

ОДБЕЛЕЖАНИ 76 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ СТРАШО ПИНЏУР 

Со полагање на букети свежо цвеќе пред бистата во спомен куќата во Ваташа беа одбележани 76 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур.

Цвеќе во името на градоначалникот, советот и општината положи делегација предводена од претседателот на советот Ристо Сакалиев. Пред бистата на херојот почит оддадоа и претставници на Сојузот на борци и почитувачи на придобивките од НОБ Кавадарци, од училиштето „Страшо Пинџур“ и делегација од Лоаклен-Музеј и галедија од Кавадарци.

Ученици од ООУ „Страшо Пинџур“ изведоа пригоден рецитал за патронот, а Марија Михова од Музеј-галерија Кавадарци прочита пригоден реферат за животот и делото на народниот Херој Страшо Пинџур.

На 4 јануари 1943 год. во скопскиот Областен затвор е убиен Страшо Пинџур, еден од најзначајните револуционери од поновата историја на Македонија. Роден е на 5 март 1915 г. во Струмица, каде неговиот татко работи како учител. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Горњи Милановац, Неготин Краина, Крагујевац и Белград.        Во Крагујевац започнува неговата револуционерна дејност, кога смело се спротивставил на психологот Василие Правуловиќ, кој генерално ги омаловажувал македонците како народ. Во Белград станал член на МАНАПО и член на студентскиот акционен одбор. Во 1939 г. ја обновува работата на КП во Кавадарци.

Поради неговата револуционерна определба бил на два пати апсен пред војната во 1938 и 1940 година. Во 1941г. е инструктор на Покраинскиот воен штаб, а во 1942 г. ичлен на Покраинскиот комитет и член на Главниот штаб на Македонија.

Во ноември со Мирче Ацев се испратени во Велес да ја средат работата на Месниот комитет од овој град кој настрадал по разбивањето на партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Уапсени се со Мирче и однесени во Скопскиот затвор, каде се безмилосно тепани и измачувани од страна на бугарските агенти.

Страшо починал како последица од тепањето на 4 јануари 1943 година, и до денеска не се знае каде е неговиот гроб.

За народен херој е прогласен на 29.07.1945 година.