Денес заедно со градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов, претставници од УНДП и директорот на Биро за регионален развој, присуствувавме на традиционалната парада составена од десет моторни возила специјализирани за противпожарна заштита, од страна на Противпожарната единица Кавадарци.
Справувањето со огнените стихии, кои се најголем противник на пожарникарите, претставува знаење, стекнато искуство, макотрпна работа, а најмногу храброст, одлика која е својствена за секој пожарникар.
Вашата подготвеност, пожртвуваност и професионалност, придонесуваат не само во заштита на човечки животи, туку и на материјални добра.
Нека е честит Денот на пожарникарите!
UNDP MK – 👩🚒 Пожарникарите се нашите херои. Тие се… (facebook.com)